”Вори” Јорданка ДООЕЛ од Гевгелија е компанија во приватна сопственост која успешно работи уште од своето основање во 1991 година. Се наоѓа во најјужниот дел од нашата држава во непосредна близина на границата со Република Грција и автопатот Е-75. Одличните климатски услови како и долгогодишното искуство во областа на агрокултурата се основни предуслови за добивање на високо квалитетни и квантитетни здрави производи од зеленчук и овошје секоја година.
”Вори” произведува автентични производи кои ги препознаваат и задоволуваат потребите на потрошувачите со префинет вкус. Целокупниот асортиман го правиме од различни видови на еколошко одгледани зеленчуци и овошја кои ги има во изобилие во нашиот регион. Производите ги правиме според сопствени рецепти во кои ги вклучуваме и традиционалните тајни пренесени од нашите предци. Состојките се 100% природни без додавање на вештачки бои и ароми. Нашите производи може да се конзумираат во текот на целата година и се одличен додаток на секоја трпеза како главно јадење или салата.
Работиме според стандардите за квалитет: ИФС, ХАЛАЛ, ИСО 22000 и ХАЦЦП.