about-1119x956

За нас

”Вори” Јорданка ДООЕЛ  од Гевгелија е компанија во приватна сопственост која успешно работи  уште од  своето основање во 1991 година. Се наоѓа во најјужниот дел од нашата држава  во непосредна близина на границата со  Република Грција и автопатот   Е-75. Одличните климатски услови како и  долгогодишното искуство во областа на  агрокултурата  се основни  предуслови за добивање на високо квалитетни  и квантитетни  здрави производи од зеленчук и овошје секоја година.

”Вори” произведува  автентични производи  кои  ги препознаваат и задоволуваат потребите на потрошувачите со префинет вкус. Целокупниот асортиман го правиме  од различни видови на еколошко одгледани  зеленчуци и овошја  кои ги има во изобилие во нашиот  регион. Производите ги правиме според  сопствени рецепти во кои  ги вклучуваме и традиционалните  тајни  пренесени од нашите предци.  Состојките се 100% природни без  додавање на  вештачки бои и ароми. Нашите производи може да се конзумираат во текот на целата година и  се одличен додаток на секоја трпеза како главно јадење или салата.

Работиме според стандардите за квалитет: ИФС, ХАЛАЛ, ИСО  22000 и  ХАЦЦП.

  ifsimage4