Vori6-660x330
May 15, 2017

Компанијата „вори“ од гевгелија освои златен медал на „Продекспо 2017“ во москва

Компанијата „Вори“ од Гевгелија го освои златниот медал во категоријата „Најдобар производ“ на најголемиот саем за широка потрошувачка во Руската Федерација и во Југоисточна Европа „Продекспо 2017“ во Москва. Врвното признание следеше по освојувањето на вкусовите на бројните посетители и на стручните оценувачи на саемската манифестација која трае до 10 февруари 2017 година. Златниот медал е освоен за трите исклучително квалитетни производи – ајвар, тавче гравче и рижото.

Vori6-660x330

-Нашата компанија произведува конзервирани производи од овошје и зеленчук и други производи по сопствени рецепти и тие ги задоволуваат потрошувачите со префинет вкус. Тоа можевме да го почуствуваме и на саемот во Москва.Производите ги подготвуваме од одбрани еколошки производи од гевгелискиот регион и од Македонија и тоа посебно ги одушеви  руските граѓани кои имаат можност да ги дегустрираат нашите врвни производи на Националниот штанд што Македонија го има на „Продекспо 2017“, – истакнува Јорданка Ристова, директор на „Вори“. – Нашата компанија е извозно ориентирана и  речиси целосното производство е дизајнирано за пласман на странските пазари.

Македонската храна и вино во Москва која је презентираат македонските компании  од прехрамбениот сектор и од индустријата на пијалици, предизвика огромно внимание кај посетителите и што е уште позначајно кај  руските увозници и дистрибутери, трговските ланци и најголемите маркети, како и кај другите деловни луѓе.

-Со добиениот златен медал за „Вори“ шиероко и се отвараат вратите и на рускиот пазар. Тоа се однесува и на другите македонски компании од овој сектор и за винариите, за кои руските деловни луѓе изразуваат огоромен интерес и кој очекуваме да  финализира со конкретни договори и натамошно  зголемување на  македонскиот извоз на овој пазар. За годинава очекуваме македонскиот извозот во Руската Федерација да биде  со поголем раст од минатогодишниот кога порасна за 39,5 отсто, – истакна Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонска-руска стопанска комора, во чија организација и со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија се реализира настапот во Москва.

Во „Експоцентарот“ во Москва на „Продекспо 2017“ на 100.000 квадратни метри своите производи ги  излагаат  над 2.000 компании од 57 земји од светот со 27 национални штанда, меѓу кои е и македонскиот.Во таквата конкуренција значаен е успехот што го постигна гевгелиски „Вори“ со освојување на врвното признание.

Новости

Vori6-660x330 May 15, 2017

Компанијата „вори“ од гевгелија освои златен медал на „...

Компанијата „Вори“ од Гевгелија го освои златниот медал во категоријата „Најдобар производ“ на...

Повеќе
16652492_1465071886838717_2128726897_n April 20, 2017

Kompania “Vori” rrëmben medaljen e artë në panairin “Pr...

Kompania “VORI” nga Gjevgjelia, e cila është e licencuar edhe me Standardin HALLALL nga Agjencioni i këtij Standardi pranë BFI-së, kohë më parë, në Moskë u shpërbly ...

Повеќе
news-4 April 20, 2017

Македонские продукты завоевывают сердца россиян...

Македонско-российская торгово-промышленная палата представила позитивные результаты взаимной т...

Повеќе
news-2 April 20, 2017

Gevgelija company “Vori” wins Best Product ...

Skopje, 10 February 2017 (MIA) - Gevgelija-based company "Vori" won the gold medal in category "Best Product" at the international exhibition for food, beverages and food raw mater...

Повеќе
news-2 April 20, 2017

КОМПАНИЈАТА „ВОРИ“ ОД ГЕВГЕЛИЈА ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА „...

Компанијата „Вори“ од Гевгелија го освои златниот медал во категоријата „Најдобар производ“ на...

Повеќе
news-sofija March 14, 2016

International Conference on Women Entrepreneurship and ...

07 July 2015/ Hotel Hilton/ Sofia- International Conference on the topic “Women entrepreneurship in South East Europe – challenges, potential and contribution to the economy”...

Повеќе